Јас сум
Кристиан Шопов

Илузионист Продуцент Филантроп

Нешто повеќе за мене

Здраво

Јас сум Кристиан Шопов, илузионист и човек кој сака да им помага на другите.

Првите илузии ги изведував после школски часови со шпил карти. Оттогаш моите илузии едноставно пораснаа – што во големината на сцените на кои ги изведував, што во илјадниците посетители кои ги проследија. Денес ми е најмногу мило што прераснаа во вистински мали чуда кои секој следен пат длабоко ги допираат луѓето, а ова најсилно се одразува кај најмладите.

Име:
Кристиан Шопов
Е-маил:
contact@kristianshopov.com
Телефон:
075 649 837
Facebook:
fb/kristian.sopov
Прочитај повеќе за Кристиан Прочитај повеќе за Кристиан
0
Донирани пари
0
Донирано време
0
Хуманитарни проекти


Грин Меџик Продакшн е основана преку грант од фондот на браќата Рокфелер. Нејзината дејност се концентрира околу магионичарски претстави тематски поврзани со заштитата на животната средина. На сцената организирана од нив исчезнува отпадот, исчезнува човек, се двои девојка на половина, а искусните професионалци можат, како што и досега покажале, да осмислат и да реализираат и сосема нови настапи.

 
 
Програмата Големо срце го отелотворува концептот на социјално претприемништво – водење на фирма со социјална мисија. Илузионистичките настапи го разубавуваат сивото секојдневие на лицата од ранливи општествени кругови. Насмевките и восхитот за чудесното остануваат и после настаните: собраните средства се донираат, посетителите учат за заштитата на животната средина, а се промовираат и креативни дела на талентираните штитеници од Психијатриската болница – Скопје. 
 

ПОНУДА

Едукативен еко-настап за деца

„Хокус покус – рециклирањето е во фокус“ е 30-минутно еколошко-магионичарско шоу.

Забавен магионичарски настап за деца

Забавниот магионичарски настап е одличен за прославување родендени, одбележување на семејни моменти, промоции и сите настани каде што дечињата се гости

Магичен роденден со Кристиан Шопов

Магионичарски роденденски настап каде што славеникот/чката е ѕвезда на сопствената забава!

Новогодишен настап

Шоуто на Кристиан децата и родителите ќе ги воведе во светот на новогодишната магија и никого не го остава рамнодушен.

Магија одблизу

Магија одблизу“ се изведува пред публиката, обично додека се стои во посебни групи за време на забава или поединечни изведби на различни маси, каде што се сместени вашите гости

Илузионистички сценски настап

Овој настап е наменет за поголем аудиториум и во себе вклучува употреба на реквизити од поголем габарит (на пример, сечење човек на половина, магично бодење со мечеви).

Portfolio

Testimonials

контакт

Телефон
Телефон
+389 75 649 837
Е-пошта
Е-пошта
contact@kristianshopov.com
Facebook
Facebook
FB/KristianShopovEcoIllusionist/

Пратете ми порака

    Оваа веб страница е изготвена со поддршка од Фондот на Браќата Рокфелер во рамките на регионалниот натпревар „Филантропија преку зелени идеи 2017” на кој GreenMagic Production освои регионална награда која ја имплементираше под водство и мониторинг на Здружение за социјални иновации „АРНО“. Мислењата и ставовите искажани на оваа веб страница не ги претставуваат мислењата и ставовите на донаторите или други придружни организации.