Социјалното претприемништво е посебна форма на претприемништво во кое се интегрираат економски и социјални цели. Tоа претставува иновативен модел за решавање на социјалните и еколошките предизвици, како и за зајакнување на инклузивниот раст.

Претприемачката компонента на социјалното претприемништво се поклопува со вообичаениот бизнис-модел на секое претпријатие – мора да остварува приходи од продажба на производи и услуги за да ја обезбеди самоодржливоста и да инвестира во својот развој.

Она што социјалното претприемништво го разликува од другите компании е тоа што, покрај бизнис-мисијата, има и социјална мисија што вклучува заштита на планетата Земја и придонесува за решавање на конкретен општествен проблем. Позитивното влијание на ваквите компании се удвојува доколку тие во своите деловни активности работно ангажираат лица од ранливи групи граѓани.

Кристиан Шопов преку неговата компанија придонесува за создавање на подобар свет преку реализација на својата социјална мисија наречена програма „Big Heart“ што се состои од:

  1. Работно ангажирање лица од ранливи категории граѓани.
    1. Агентот кој ги закажува сите настапи на Кристиан Шопов е лице со физичка попреченост.
  2. Настапи што имаат цел да го разубават денот на лица од ранливи категории граѓани
    1. Кристиан со своите илузии настапува за болници, здруженија на граѓани и сите луѓе кои имаат потреба за насмевка, а се соочуваат со тешки животни предизвици.
  3. Хуманитарни настапи за прибирање на финансиски средства за помош на лицата од ранливи категории граѓани
    1. Кристиан организира настапи и дел од прибраните средства насочува за реализација на одредена помош.
  4. Едукација за селекција на отпад и заштита на животната средина.
    1. Преку дел од своите илузии Кристиан ја едуцира публиката за селекција на отпадот и ги повикува и тие да селектираат отпад и така да станат еко-магионичари кои ќе придонесат да исчезне отпадот.
  5. Помагање лица со ментални болести и залагање за нивна дестигматизација
    1. Помага на штитеници на Психијатриската болница – Скопје и промовира креативни дела на талентирани штитеници на болницата.