Магија одблизу

Дали барате нешто забавно и малку поинакво за следната забава, коктел, промоција, свадба или друг настан? „Магија одблизу“ е идеален избор за публика на речиси секоја возраст. „Магија одблизу“ се изведува пред публиката, обично додека се стои во посебни групи за време на забава или поединечни изведби на различни маси, каде што се сместени вашите гости. Кристиан Шопов како вистински професионалец може да ги заинтригира умовите на гостите, да ги зашемети нивните сетила, преку изведби на трикови со карти, јажиња, топчиња и други реквизити што магично се појавуваат во неговите раце, а исчезнуваат под нивниот нос 🙂 Една година по вашата забава или свадба, вашите гости можеби нема да се сеќаваат што вечерале, но сигурно ќе се сеќаваат на магионичарот кој ги забавувал за време на вечерата.

Наменето за: маркетинг-агенции, компании, корпоративни настани, свадби, прослави, настани на амбасади.

* Со „Магија одблизу“ Кристиан има настапувано за Неговото Височество, принцот Мајкл од Кент. Погледнете дел од настапите овде: