Едукативен еко-настап за деца

„Хокус покус – рециклирањето е во фокус“ е 30-минутно еколошко-магионичарско шоу. Еко-магионичарот Кристиан Шопов изведува 15 трикови, проследени со музика и реквизити. Целта на овој настап е децата (4-10 г. возраст) преку магија, смеа и забава да научат како да ја практикуваат програмата на трите Р (редуцирање, реупотребување и рециклирање).

Преку активна партиципација и анимирање на децата, по пат на примери во триковите и со важни пораки за зачувување на животната средина конкретно поврзани со програмата 3 Р еко-магионичарот Кристиан Шопов прави магично шоу кого никого не го остава рамнодушен.

Наменето за: градинки, основни училишта, компании (настани за деца), граѓански организации, општински настани и други настани каде што присуствува детска публика.

Капацитет: до 250 деца

* Со овој настап Кристиан гостуваше во 120 училишта во земјата. Погледнете дел од фотографиите овде: