Грин Меџик Продакшн – (социјално претпријатие)

Социјалното претпријатие* „Грин Меџик Продакшн“ ДООЕЛ е основано од страна на Кристиан Шопов во 2017 година со финансиска поддршка од 10.000 американски долари од Фондот на браќата Рокфелер, добиена како освоена награда на регионалниот натпревар „Филантропија преку зелени идеи“, што во нашата држава го администрира Здружението за социјални иновации „АРНО“.

Кристиан Шопов чувствува дека негов животен повик е да даде свој придонес кон создавање на подобар свет, затоа создаде социјално претпријатие што има цел да го постигне тоа.

Примарна дејност на компанијата е осмислување, производство, организација, продажба и изведба на магионичарски претстави на цела територија на државата: од мали настапи на детски родендени до големи спектакуларни шоуа во театри, културни центри и слично. На репертоарот се трикови што се движат од исчезнување на шамиче, пластичен отпад, до исчезнување на човек, разделување на девојка на половина, појавување на мотор на сцената и многу други илузии.

Кристиан во својот репертоар вклучува многу специјално осмислени илузии преку кои ја поттикнува публиката да селектира отпад и да ја зачува животната средина.

Спонзориран од страна на Фондот на браќата Рокфелер (САД), „Пакомак“, „Пивара Скопје“ и холандска амбасада, тој со неговиот тим во 2018 година го организира и го реализира неговиот дотогаш најголем проект – едукативна еко-претстава наречена „Хокус покус – рециклирањето во фокус“, што беше проследена од 33.700 деца од 52 основни училишта во Скопје и 17.000 деца од 45 училишта од седум града од државата. Целта беше децата од шест до десет години да се едуцираат за тоа како да селектираат отпад преку забавна и едукативна магионичарска претстава и со тоа да креираат чиста животна средина. Завршница на проектот беше настапот со големи илузии во Националната филхармонија на 9.12.2018 година, каде што беа одржани три претстави во камерната сала и вкупна посетеност беше 900 гледачи. Овој проект беше награден од страна на Министерството за економија за општествена одговорност.

Со забавните содржини произведени од страна на компанијата публиката се забавува, додека организациите добиваат можност да ги промовираат своите производи, услуги, идеи на интерактивен и забавен начин, каде што нивната порака ќе биде во центарот на вниманието на нивната целна група.

Нашиот тим се состои од различни професионалци кои можат да осмислат и да реализираат различни настани по ваше барање. Ваше е да ни ја кажете вашата цел, целната публика и буџетот, а ние ќе се погрижиме сè да изгледа магично и беспрекорно. Ние нудиме пакет услуги: осмислување, организирање, реализирање и документација на проектот (мултимедијален запис).

Наменето за: трговски центри, дискотеки, општини, компании, граѓански организации и др.

Компанијата придонесува за создавање на подобар свет преку реализација на својата програма „Big Heart“, што има цел да им помага на луѓето и на планетата. За програмата прочитајте овде

*Социјалното претприемништво е посебна форма на претприемништво во кое се интегрираат економски и социјални цели, тоа претставува иновативен модел за решавање на социјалните и еколошките предизвици и за зајакнување на инклузивниот раст.